Исплатени 2,2 милиона евра земјоделски субвенции

Bez autora
Apr 24 2011

Вкупно 2,2 милиона евра субвенции за поддршка на земјоделството исплати Министерството за финансии. Парите се веќе легнати на сметка на земјоделците по три основи, растително производство, сточарско производство и органско земјоделско производство. За растително производство се префрлени 51,8 милиони денари од кои најголем дел, околу 37, 8 милиони, за поледелски култури. Во оваа група се исплатени и средства за лозови и овошни насади. На сточарите им се наменети 76 милиони денари, најмногу за произведено и продадено кравјо млеко, 60 милиони денари. Исплата е извршена и по основ субвенции за овчарство, козарство, свињарство и пчеларство. За органско земјоделско производство се исплатени 7,6 милиони денари во кои најголемо учество има мерката финансиска поддршка во органско овчарство и козарство.

Исплатени 2,2 милиона евра земјоделски субвенцииВкупно 2,2 милиона евра субвенции за поддршка на земјоделството исплати Министерството за финансии.

Парите се веќе легнати на сметка на земјоделците по три основи, растително производство, сточарско производство и органско земјоделско производство. За растително производство се префрлени 51,8 милиони денари од кои најголем дел, околу 37, 8 милиони, за поледелски култури. Во оваа група се исплатени и средства за лозови и овошни насади.

На сточарите им се наменети 76 милиони денари, најмногу за произведено и продадено кравјо млеко, 60 милиони денари. Исплата е извршена и по основ субвенции за овчарство, козарство, свињарство и пчеларство. За органско земјоделско производство се исплатени 7,6 милиони денари во кои најголемо учество има мерката финансиска поддршка во органско овчарство и козарство.

Владата и Министерството за финансии преку редовна исплата на субвенциите за земјоделството остануваат доследни на поддршката на овој клучен сектор за македонското стопанство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik